БЕБЕ ДЕТЕ ПРОГРАМА
2,000.00 ден
Опис
Оваа програма е создадена со цел да им понуди на родителите безбедна, природна и едукативна
поддршка во нега и хигиена на нивното бебе од првиот ден. Таа содржи детално разработени
совети, препораки и анализи на производи кои се без штетни состојки, хемикалии, вештачки
мириси и адитиви, со фокус на чиста и природна нега. Ќе научите како да го негувате вашето бебе
со најблаги производи – од правилен избор на влажни марамици, креми, масла и гелови за
бањање, до природни алтернативи за детергенти, пелени и заштита од сонце и инсекти.
Програмата вклучува и специјални природни третмани како бањи , третман на теменица, егзема,
осип и многу повеќе. Секој производ е внимателно избран според неговиот состав, а не според
бренд, со цел да се избегнат сите потенцијално штетни супстанции. Дополнително, родителите
добиваат совети за правилна нега во различни сезони, како и природни решенија за заштита на
бебешката кожа. Во програмата се опфатени и суплементи за бебиња – со јасно објаснет начин на
употреба, можности за комбинирање и бенефити од секој производ, при што сите се избрани
според нивниот чист и безбеден состав. Содржи и информации за адаптирани млека – нивниот
квалитет, состав, разлики помеѓу козји и кравји формули, како и препораки за најдобри опции на
пазарот. Исто така, обработена е и бебешката храна, со акцент на избор на производи без
адитиви, шеќери и вештачки состојки, кои навистина го поддржуваат здравиот развој на бебето.
Оваа програма е ваш водич за чист и безбеден почеток, базиран на љубов, знаење и природна
грижа.
