Магнезиумот е еден од најважните минерали во организмот и учествува во голем број процеси поврзани со енергијата, работата на мускулите, нервниот систем и одржувањето на нормална функција на телото. Често се користи како додаток во исхраната за поддршка при замор, стрес, мускулни грчеви и подобар сон.

Постојат различни форми на магнезиум, а секоја има специфична намена и различна апсорпција во организмот. Затоа е важно изборот на магнезиум да биде прилагоден според индивидуалните потреби и целта за која се користи.

Многу луѓе мислат дека сите форми на магнезиум се исти и дека е доволно само да се гледа бројката на пакувањето. Но, реалноста е дека различните форми имаат различна апсорпција, различно дејство и различна количина на чист магнезиум што телото навистина ја добива.

Кога купувате магнезиум НЕ гледате само што пишува на предната страна од пакувањето — магнезиум цитрат, бисглицинат, оксид… и бројката во милиграми. Клучно е да се знае дека таа бројка најчесто не значи „чист магнезиум“.

Бројката што стои на предната страна од пакувањето најчесто не се однесува на количината на чист магнезиум, туку на целото соединение. Магнезиумот е врзан со друга супстанца за телото полесно да го апсорбира.

На пример:

  • Magnesium Citrate — магнезиумот е врзан со цитрат (сол од лимонска киселина)
  • Magnesium Bisglycinate — е врзан со две молекули глицин
  • Magnesium Glycinate — е врзан со глицин  
  • Magnesium Oxide — е врзан со кислород (оксид), па затоа има висок процент на магнезиум, но послаба апсорпција
  • Magnesium Malate — е врзан со малична киселина
  • Magnesium Taurate — е врзан со таурин

Токму затоа различните форми на магнезиум имаат различна апсорпција и различна намена.

Затоа, ако на пакувањето пишува 375 mg магнезиум цитрат, тоа не значи дека добивате 375 mg чист магнезиум. Реалната количина на магнезиум што телото ја добива е значително помала и најчесто е наведена во нутритивната табела на задната страна на производот.
* бројката напред на пакувањето често ја покажува целата форма,
* а во табелата позади пишува колку магнезиум реално добивате.

На пример:

Тоа значи дека од 3000 mg-3g магнезиум цитрат, телото добива 360 mg чист магнезиум.

Магнезиум цитрат е една од најчесто користените форми бидејќи:

* има добра апсорпција,
* лесно се раствора,
* и често се користи за поддршка на мускулите, нервниот систем, замор и грчеви.

Дополнително, кај некои луѓе може да помогне и за подобра столица, бидејќи цитратната форма има благ осмотски ефект.

Со чист состав и природен морски извор, одлична апсорпција и практична секојдневна употреба Dimas Pure Marine Magnesium е современ избор за поддршка на енергијата, мускулите и нервниот систем. Безбеден за трудници, доилки и деца од 4 годишна возраст.

За разлика од повеќето магнезиуми кои потекнуваат од синтетички или минерални карпи и во својот состав содржат ароми, бои, конзерванси, подобрувачи, полнила…Dimas Pure Marine Magnesium потекнува од чиста морска вода, има висока биорасположливост, не содржи никакви додатоци, само чист магнезиум цитрат.