Листа на опасни адитиви, кои треба да се избегнуваат а се застапени во храна и суплементи: 

Е102 Tartazin

Тартразинот предизвикува најмногу алергиски реакции од сите азо бои, особено кај астматичарите и оние кои се нетолерантни на аспирин. Симптомите поради чувствителноста на тартразин може да се појават или при ингестија или со кожна изложеност на производ што содржи тартразин.

E104 Hinolin жолта

Тоа е еден од адитивите што е проучуван од страна на истражувачите и докажано ја зголемува хиперактивноста кај децата. Се препорачува ако детето има знаци на хиперактивност, овој адитив да се избегнува.

Е110 Sunse yellow FCF

Претставува вештачка боја која е забранета во Норвешка, бидејќи е познато дека предизвикува назална конгестија, алергии, тумори на бубрезите, оштетување на ДНК, хиперактивност, болки во стомак, главоболки, мигрена, повраќање, гадење, хормонални промени.

Е120 Carminic acid

Несаканите ефекти од оваа боја може да се појават кај луѓе кои се алергични на протеините од инсекти и може да се развијат по директен контакт, вдишување или консумирање. Симптомите на алергија што може да се појават вклучуваат оток на лице, осип по тело, црвенило, хиперактивност кај деца и отежнато дишење.

Е122 Azorubine

Најчестиот адитив Е122 може да се најде во џемови, сирупи, кондиторски производи, пијалоци и сокови со црвена боја. Доста често, бојата E122 се користи во мешавини со други бои. Овој конзерванс претставува потенцијален мутаген, предизвикува осип на кожата, едем, хиперактивност кај деца.

Е123 Amarant

Амарантот (Е123) се користи за добивање на темно црвена боја на храната. Дозволено е да се користи во храна во концентрации до 30 mg/kg во Австралија и Европската унија, но е забрането во Соединетите Држави поради загриженоста дека предизвикува рак. Во 1971 година, една руска студија ја поврза оваа боја со појава на рак кај стаорци.

Е124 Cochineal red

Е124 е синтетичка боја добиена од катран од јаглен и азо боја, која на прехрамбените производи им дава светло црвена боја. Може да предизвика алергиска реакција, посебно кај асматичари или луѓе осетливи на бензоева и салицилна киселина. Во комбинација со бензоевата киселина (Е 210) може да предизвика хиперактивност кај деца.

Е129 Allura red

Синтетичките азо бои, како што е Allura Red (E129), во текот на неколку години се широко користени за обојување на храна во многу земји. Сепак, безбедноста на некои азо-бои, вклучително и Allura Red, и нивната употреба како адитиви за храна, беше доведена во прашање. Предизвикува хиперактивност кај деца и може да предизвика алергиски реакции.

Е131 Patent blue

Се користи како основа за добивање на зелена и лилава боја на храната во комбинација со други бои. Некои научни истражувања покажале дека може да предизвика мачнини и да влијае на снижување на крвниот притисок.

Е132 Indigo carmine

Вештачка плава боја произведена од нафта, која се користи во производството на прехрамбени производи. Научни истражувања спроведени на лабораториски стаорци, покажаа дека овој адитив во присуство на натриум нитрат, се претвара во канцерогено соединение нитрозамин.

Е133 Brilliat blue

Брилијант сина, E133, е уште една вештачка сина боја за обојување на храна, која дава сина боја на производот. Утврдено е дека некои луѓе доживуваат алергиски реакции по конзумирање производи што содржат Е133. Овој адитив е веќе забранет во Австрија, Шведска, Швајцарија, Франција, Германија и Норвешка. Дополнително е закана за луѓето со синдром на нервозно дебело црево, го иритира желудникот и се таложи во црниот дроб.

Е142 Green S

Предизвикува низа несакани ефекти што ги предизвикуваат и другите вештачки бои. Може да предизвика рак, хиперактивност кај деца, има потенцијално невротоксично дејство, може да предизвика неплодност, раздразливост, опсесивнокомпулсивно однесување.Може да предизвика и бурни алергиски реакции и анемија. Оваа боја е забранета во Норвешка, Финска, Шведска, Јапонија, САД и Канада.

Е151 Brilliat Black BN

Се користи во декорации за храна, десерти, слатки, сладолед, сенф, џемови од црвено овошје, безалкохолни пијалоци, ароматизирано млеко, кавијар и друга храна. E151 е забранет во САД и Швајцарија. Постојат многу опасности поврзани со неговата употреба. Овој адитив е поврзан со канцерогени заболувања,  алергиски реакции, астма, хиперактивност кај деца, потенцијално невротоксично дејство, дигестивни проблеми, опсесивно-компулсивно нарушување.

Е155 Brown HT

Бидејќи е азо боја, може да предизвика нетолеранција кај луѓе кои се нетолерантни на салицилати. Дополнително, претставува ослободувач на хистамин и може да ги интензивира симптомите на астма. Во комбинација со бензоева киселина, може да предизвика хиперактивност кај децата.

Е171 Titanium Dioxide

Во текот на последните години, зголемен број на студии го истражуваа однесувањето и ефектите на E171 по ингестијата.  Открија потенцијални негативни ефекти како што се формирање на реактивни видови кислород и генотоксични ефекти.

Е173 Aluminium

Алуминиумот е природен елемент, присутен во нормална здрава исхрана. Постојат докази дека акумулацијата на алуминиум во телесните клетки може да биде токсична и поврзана со болести од типот на Паркинисова болест и скелетни деформации. Чистиот алуминиум има висока топлинска и електрична спроводливост. Алуминиумот има потенцијално невротоксично дејство и предизвикува остеопороза.

Е180 Litholrubine BK

Претставува вештачка црвена боја. Кај луѓе осетливи на салицилна и бензоева киселин може да предизвика алергиска реакција. Може да предизвика хиперактивност кај деца.

Е210 Benzoic Acid

Иако бензоевата киселина Е210 генерално се смета за безбеден додаток, сепак таа може да има несакани ефекти, како тешко дишење, отекување на лицето, усните, јазикот или грлото. Во комбинација со азо-бои може да предизвика хиперактивност кај деца. Докажано е дека при реакција со бензоева киселина и нејзините соли со аскорбинска киселина се формира канцерогено соединение – бензен.

Е211 Sodium benzoate

Натриум бензоат е хемиски конзерванс кој се користи за да помогне во инхибирањето на растот на бактериите и габите во киселите производи. Поврзан е со предвремено стареење и рак.

Е212 Potassium benzoate

Калиум бензоат и натриум бензоат се две соли на бензоева киселина, но натриум бензоат се користи како директен конзерванс, калиум бензоат не е наведен во списокот со адитиви на храна. Сепак споменатиот калиум бензоат ја има истата функција како натриум бензоат, кој може да се користи за да го инхибира растот на бактерии, квасци и мувла во пијалоците. Постои потенцијален ризик дека изложеноста на топлина и светлина ќе го стимулира формирањето на бензен (познат канцероген) со реакција на витамин Ц (природен или додаден).

Е213 Calcium benzoate

Калциум бензоат е калциумова сол на бензоева киселина која се користи како конзерванс во кисела храна за да се спречи растот на бактерии и габи. Прочитарте опис на Е210.

Е214 Ethyl p-hydroxybenzoate

Конзерванс кој се наоѓа во многу производи за нега на кожата, почнувајќи од крема за кожа до лосион за тело и дезодоранс. Може да се најде во есенцијалните масла кои се користат за лекување на сува кожа и во маслото од јаглика кое служи како антисептик. Може да предизвика прекумерно ширење на крвните садови и да доведе до појава на грчеви.

Е215 Sodium ethyl p-hydroxybenzoate

Кај некои луѓе естерите на бензоева киселина може да ослободат хистамин и на тој начин да предизвикаат псевдоалергиски реакции. Присуството на Е215 во козметиката може да предизвика контактни алергии.

Е218 Methyl p-hydroxybenzoate

Вештачки конзерванс. Дериват на бензоева киселина од групата на парабени. Многу често се употребува во козметиката и фармацевтските препарати. Може да предизвика прекумерно ширење на крвните садови и да доведе до појава на грчеви.

Е219 Sodium methyl p-hydroxybenzoate

Што се однесува до конзервансите, најчесто распространетите предизвикувачи на алергиски реакции се бензоатите (Е210-219) и сулфитите (Е220-229), кои можат да предизвикаат уртикарија, дерматитис, влошување на бронхијална астма и анафилакса. 

Е239 Hexamethylene tetramine

Е129 е синтетичка боја слична на црвена или портокалова боја, која се користи како прехранбена боја во пијалоци и слатки. Покрај тоа што е поврзано со хиперактивно однесување кај децата, исто така може да предизвика алергиски реакции на кожата кај возрасните, особено кај луѓе чувствителни на аспирин.

Е242 Dimethyl dicarbonate

Вештачки конзерванс. Негова примена, во многу мала концентрација за многу кратко време, ги убива микроорганизмите. Се произведува со хемиска синтеза од мравја киселина. Може да предизвика силни алергиски реакции

Е249 Potassium nitrate

Има широка примена во производството на сувомеснати производи. Спречуват раст на патогени бактерии, како што е бактеријата клостридиум ботулинум, која е одговорна за ботулизам. Се користи за да се подобри вкусот и бојата на месните производи и нивните преработки. Нитритите можат да влијаат на способноста на телото да носи кислород, што резултира со отежнато дишење, вртоглавица и главоболки, потенцијален канцероген, не е дозволено во храна за доенчиња и мали деца.

Е250 Sodium nitrate

Сам по себе не е проблематичен, туку нитрозамините формирани во телото од адитивот Е250, кои придонесуваат за појава на колоректален карцином (втор најсмртоносен карцином).

Е251 Sodium nitrate

Натриум нитрат е сличен на обичната кујнска сол. Најчесто, конзервансот за храна E251 Натриум нитрат се користи за производство на конзервирани месни производи или замрзната преработена храна. Натриум нитрат може да ја врати природната боја на преработеното месо. Можеме да кажеме дека овој конзерванс за храна, им помага на колбасите и месните производи да ја добијат својата карактеристична „боја на месо. Конзервансот за храна E251 се користи како стабилизатор на боја. Сепак, конзервансот E251 може да помогне да се спречи појавата и развојот на анаеробни микроорганизми. Како резултат на научни истражувања и лабораториски експерименти, беше утврдено штетното дејство за нормалното функционирање на човечкото тело. Постои листа на контраиндикации за натриум нитрат. Штетата од конзумирање на конзервансот за храна Е251 Натриум нитрат може да биде особено значајна ако некое лице страда од хипертензија, болести на црниот дроб, цревата, како и од вегетативниот систем. Покрај тоа, може да предизвика дисбиоза, холециститис, како и тешки алергиски реакции. Треба да се напомене дека кога конзервансот за храна Е251 натриум нитрат влегува во човечкото тело, хемиските својства и карактеристиките на нитратот се менуваат. Биолошки активната супстанција натриум нитрат, која е содржана во хемискиот состав на конзервансот, се претвора во канцероген. Во случај на предозирање со натриум нитрат се појавуваат следните симптоми: остра абдоминална болка, грчеви, нарушена координација на движењата, несвестица, вртоглавица и општа слабост.

Е252 Potassium nitrate

Имаат широка примена во производството на сувомеснати производи, за да се спречи растот на патогени бактерии како што е клостридиум ботулинум. Бактерија одговорна за ботулизам. Се користи за подобрување на вкусот и бојата на месните производи и нивните преработки. Нитритите можат да влијаат на способноста на телото да носи кислород, што резултира со отежнато дишење, вртоглавица и главоболки, потенцијален канцероген. Не е дозволено во храна за доенчиња и мали деца.

Е284 Boric acid

Претставува конзерванс. Се таложи во организамот, посебно во масните ткива и во централниот нервен систем. Истражувањата покажаа дека долготрајна изложеност на борна киселина може да предизвика менструални проблеми, анорексија и губање на косата. Децата се посебно сензитивни на борната киселина, затоа е забранет како конзерванс во производите за лична хигиена за деца помлади од 3 години.

Е285 Sodium tetraborate/Borax

Боракс долго време се користи како додаток во различни видови храна. Бидејќи борната киселина и бораксот се ефикасни против квасци во помала мера против мувла и бактерии, тие можат да се користат за зачувување на прехранбените производи. Покрај тоа, овие два адитиви може да се користат за зголемување на еластичноста и крцкавоста на храната, како и за спречување на потемнување. При ниски концентрации, бораксот може да се претвори во борна киселина во телото пред да се апсорбира. Кај луѓето, се смета дека несаканите реакции поврзани со ниски дози на борна киселина на дневно ниво веројатно нема да се појават. Сепак, изложеноста на високи концентрации на борна киселина во краток временски период може да влијае на желудникот, цревата, црниот дроб, бубрезите и мозокот.

E319 Tertiary butylhydroquinone (TBHQ)

Производителите го прикриваат овој адитив во производите. Во составот на производот може да го најдете како згуснувач, средство за нараснување или емулгатор. Суштинската улога на оваа состојка е да ја заштити храната од распаѓање, што се случува поради процесот на оксидација. Антиоксидантот TBHQ е широко користен конзерванс и ги одржува прехранбените производи свежи многу подолг период. Долготрајната висока изложеност на Е319 може да предизвика гадење, повраќање или дерматитис. Во некои случаи, може да доведе до појава на рак на желудник. Бремените жени треба да избегнуваат внесување на прехранбени производи кои во нивниот состав содржат Е319.

Е320 Butylated hydroxyanisole

Сериозни се грижите за канцерогените и естрогените ефекти. Астматичарите и луѓето чувствителни на аспирин, треба да го избегнуваат, затоа што предизвикува метаболички промени и се акумулира во телесните масти. Забранет е за употреба во Јапонија во 1958 год. Не е дозволен во храна за доенчиња и мали деца.

Е321 Butylated hydroxytoluene

Прекумерната изложеност на Е321 може да предизвика оштетување на црниот дроб и мигрена. Исто така, постојат докази дека E321 предизвикува клеточна делба. ЕУ ја ограничи употребата на Е321 за да го намали количеството на оваа хемикалија во прехранбените продукти и пијалоците. 

Е338 Phosphoric acid

Како додаток на храна, адитивот Е338, во високи дози има негативни здравствени ефекти. Според научниците, премногу фосфор може да доведе до развој на камења во бубрезите и остеопороза. Исто така, ја попречува апсорпцијата на многу вредни минерали и предизвикува ерозија на глеѓта на забите.

Е339 Sodium phosphate

Натриум фосфат е сол на натриум хидроксид и фосфорна киселина. Овој производ се применува како засилувач на вкус, PH регулатор, емулгатор. Се користи во конзервирана храна, супи, месо, преработени сирења, пекарски производи. Внесување на големи дози на фосфати ја попречуваат апсорпцијата на другите минерали.

Е340 Potassium phosphates

Не треба да користите калиум фосфат ако имате: високо ниво на калиум во крвта (хиперкалемија), ниско ниво на калциум во крвта (хипокалцемија), или високо ниво на фосфор во крвта (хиперфосфатемија).

Е341 Tricalcium phosphate

Зголемен внес на фосфати може да предизвика попречување на апсорпција на други минерали.

Е343 Magnesium phosphates

Зголемен внес на фосфати може да предизвика попречување на апсорпција на други минерали.

Е385 Calcium disodium EDTA

Додаток во храна кој вообичаено се користи како конзерванс, регулатор на киселост, антиоксиданс и средство за задржување боја во конзервирана храна. Калциум динатриум EDTA има изразена способност за врзување на минерални материи (цинк, железо, бакар, магнезиум, манган) и може да предизвика пореметување на метаболизмот. Храна која во својот состав го содржи овој адитив не се препорачува да се дава на деца.

Е512 Stannous chloride dehydrate

Претставува стабилизатор на боја и антиосиданс. Овозможува да се задржи светлата боја на зеленчукот. При конзумација на храна која содржи повеќе од 250mg на литар од овој адитив, забележано е акутно труење.

Е620 Glutamic acid

Неесенцијална аминокиселина поврзана со протеини која најчесто се наоѓа кај растенијата и животните. Природно се наоѓа во храната како сирење, месо, печурки и соја. Како додаток на храна, Л-глутаминската киселина е широко користена како засилувач на вкусот во производите со месен или солен вкус. Деца кои боледуваат од астма и невролошки болести треба целосно да ја избегнуваат. Докажано е дека може да предизвика атопичен дерматит, егзема, црвенило на кожа и осип.

Е621 Monosodiium glutamate

Мононатриум глутамат (MSG) е засилувач на вкус кој често се додава во конзервиран зеленчук, супи, сувомеснати производи и друга храна. Кога MSG се додава во храната, таа треба да биде наведена на етикетата. MSG се користи како додаток на храна многу години. Агенцијата за храна и лекови доби многу извештаи за загрижувачки реакции што луѓето ги препишуваат на храната што содржи MSG во нивниот состав. Овие реакции наречени комплекс на симптоми на MSG вклучуваат: главоболка, потење, притисок или затегнатост на лицето, чувство на вкочанетост, пецкање или печење во лицето, вратот и други делови на телото, тахикардија, болка во градите,чувство на мачнина (гадење), слабост.

Е622 Monopotasium glutamate

Погледнете во описот на Е620 и Е621.

Е623 Calcium di-L-glutamate

Погледнете во описот на Е620 и Е621.

Е624 Monoammonium-L-glutamate

Погледнете во описот на Е620 и Е621.

Е625 Magnesium di-L-glutamate

Погледнете во описот на Е620 и Е621.

Е950 Acesulfame Potassium

Во својот составсодржи ацетооцетна киселина и може негативно да влијае на метаболизмот на телото. Кај стаорците кои биле тестирани на Е950,  забележани се поголеми шанси за развој на тумори на дојката. Може да предизвика главоболка, компликации на работата на црниот дроб, ментална конфузија, развој на рак, оштетување на видот и бубрежни заболувања. 

Е951 Aspartame

Аспартамот се користи како засладувач во нискокалорични производи како што се газирани пијалоци, мастики за џвакање, гумени бонбони.. Се користи во производството на сувомеснати производи и конзервирана риба. Се користи во фармацевтската индустрија, најчесто во производство на шумливи таблети и витамини кои имаат благ вкус. Поврзан е со проблеми во однесувањето и когнитивните процеси. Можните неврофизиолошки симптоми вклучуваат проблеми со учењето, главоболка, мигрена, раздразливо расположение, анксиозност, депресија и несоница. 

Е954 Saccharini

Најчесто се користи во комбинација со други вештачки засладувачи.Сахаринот може да стимулира ендокринолошки одговор, како што е производството на инсулин од  панкреасот. Може да доведе до ризик од развој на дијабетес.

Е961 Neotame/дериват на aspartam

Вештачки засладувач и појачувач на вкус. Многу е сличен на аспартамот. Извор е на аминокиселината фенилаланин. Лица кои боледуваат од фенилкетонурија треба целосно да го избегнуваат.

Е962 Aspartame-acesulfame salt

Вештачки засладувач кој е 50 пати поблаг од шеќерот сахароза. По хемиски состав е смеса од Е950 и Е951. Претставува штетна комбинација на адитиви и треба да се избегнува.

Е964 Polyglycitol syrup

Вештачки засладувач кој предизвикува алергиски дерматитис кај деца и возрасни и егзема.

Оваа листа на опасни адитиви ќе ви помогне да изберете најсоодветна храна и суплементи.