Хигиената во домот треба редовно да се одржува, но тоа треба да се направи на безбеден начин. Односно, средствата кои ги користите за одржување на хигиена да бидат внимателно избрани. Да не содржат токсични хемикалии кои го нарушуваат вашето здравје и здравјето на вашето дете.
Индустриските средства се направени на тој начин да ја отстрануваат нечистотијата, со лоша цена по здравјето. Хемикалиите кои испаруваат при процесот на чистење остануваат во нашиот дом и на тој начин ние постојано сме изложени на токсични хемикалии.
Опасние токсини кои се наоѓаат во средствата за одржување хигиена на вашиот дом може да претставуваат сериозна закана за здравјетот на една личност.
- Некои од нив се со потенцијално канцерогено дејство
- Некои предизвикуваат нарушување на хормоналното ниво
- Некои може да предизвикуваат невролошки оштетувања
Кои хемикалии треба да ги избегнувате во средствата за одржување на хигиена во домот?
Phthalates
Оваа хемикалија е вообичаена во производите за мирис како што се освежувачи на воздух, течни сапуни…. Предизвикувачки е да се најдат фталатите наведени на етикетата на самите производи зошто законот ги штити произодителите. Фталатите се наоѓаат во парфемите кои влегуваат во составот на самиот производ и мора да се означени на самата етикета. Значи ако во составот има парфеми многу вероватно е дека во парфемите се кријат фталатите.
Антибактерискиот триклосан
Вообичаено го има во течните сапуни и детергентите за садови.
PERC перхлороетилен
Претставува средство за хемиско чистење, кое се користи за брзо чистење на облека, теписи и тапацир. Агенцијата за заштита на животната средина наведуваа дека оваа хемикалиј предизвикува канцерогени и невротоксични ефекти.
Butoxyethanol
Бутоксиетанолот најчесто се наоѓа во производите кои се користат за чистење на прозорите и кујната. Има сладок и привлечен мирис, но предизвикува штетни ефекти на вашиот респираторен систем. Припаѓа на хемиска група наречена гликолни етери. Овие се моќни растворувачи кои се потенцијални предизвикувачи на заболувања на црниот дроб и бубрезите.
Амонијак
Најчесто се наоѓаат во средствата за чистење на бањи, се користат за полирање и бришење на површини и ослободување од лошите мириси. Предизвикува иритации на кожата и проблеми со респираторниот систем. Може да предизвика хроничен бронхитис и астма.
Chlor
Средствта за чистење вц школки, бањи, прозори и детергентите за алишта може да содржат висока концентрација на хлор.
Formaldehidе
Застапени се во скоро сите производи за одржување на хигиена на вашиот дом. Има многу хемикалии кои спаѓаат во оваа група, избегнете ги така што ќе читате состав на производот и ќе избегнувате состојки под следните имиња: formaldrhyde, quaternium-12, dimethyl- dimethyl (DMDM), hydantion, imidazolidinyl urea, diazolidimyl urea, sodium hydrohymethylglycinate, (bromopol). 2-bromo-2-nitropropane-1,3- diol.
Related posts
За мене
Aleksandra 🍀 PURE products
❇️ I choose non-toxic products for you 🍀 ❇️ Бесплатни програми 🍀 ❇️ Дипломиран молекуларен биолог 🍀
Категории
- Храна (11)
- Суплементи (10)
- Кујнски прибор (1)
- Одржување на хигиена во дом (2)
- Прибор за хранење на деца (2)
- Препорака за производи со добар состав (10)
- Производи за лична нега и хигиена за деца (9)
- Останато (26)