Пластиката е длабоко вградена во нашето секојдневие – од шишиња за вода, прибор за јадење, садови за складирање храна, до бебешки шишиња и играчки. Производителите честопати ја рекламираат пластиката како „безбедна“, особено кога е означена со „BPA-free“ ознака. Но тоа што пластиката не содржи BPA (бисфенол А), не значи дека е навистина безбедна – тоа е само дел од пошироката и поопасна слика.
BPA е индустриска хемикалија што се користи за производство на поликарбонатна пластика и епоксидни смоли. Докажано е дека BPA делува како ендокрин дистрактор – хемикалија што го имитира хормонот естроген и ги нарушува природните хормонални процеси во телото. Кај фетуси, новороденчиња и деца, дури и ниски дози на BPA се поврзани со хормонални нарушувања, предвремено пубертет, неплодност, оштетувања на мозокот и метаболички нарушувања како дебелина и дијабет тип 2.
Но ознаката “BPA-free” не значи дека производот е без ризик. Кога производителите го отстрануваат BPA, тие го заменуваат со други слични хемикалии – најчесто BPS (бисфенол S), BPF (бисфенол F) или други деривати. Овие супстанции имаат многу слична молекуларна структура, а со тоа и слични биолошки ефекти – нарушување на хормоналниот баланс, влијание врз мозочниот развој, имунитет и зголемување на оксидативниот стрес.
Истражувањата покажуваат дека некои од замените, како BPS, може дури и побрзо и поагресивно да навлегуваат во телото отколку самиот BPA. Иако производот формално ги исполнува регулативите за “без BPA”, тоа не значи дека е безбеден за секојдневна и особено за бебешка употреба.
Пластиката генерално не е инертен материјал. Под влијание на топлина (како греење во микробранова, стерилизација, миење со жешка вода), киселост или маснотии од храна, хемикалиите од пластиката се ослободуваат и преминуваат во храната или течноста што ја консумираме. Оваа појава се нарекува (leaching) и се случува и кај најквалитетните и “безбедни” пластики.
Негативните влијанија од пластиката врз здравјето се:
– Хормонални нарушувања – влијание врз тироидната жлезда, менструален циклус, плодност и пубертет
– Нарушувања во развојот кај деца и фетуси – влијание врз мозок, тежина при раѓање, невролошки функции
– Инсулинска резистенција и дебелина – пластичните хемикалии ја менуваат метаболната активност
– Имунолошки проблеми – ослабена одбрана, појава на алергии, автоимуни состојби
– Ракогени ефекти – долготрајна изложеност може да го зголеми ризикот од хормон-зависни карциноми
– Оксидативен стрес – зголемување на слободните радикали и клеточно оштетување
Посебно ранливи категории се бебиња, деца, бремени жени и доилки. Кога пластика се користи за чување на млеко, вода или храна наменета за бебе – ризикот не е занемарлив. Дури и производите што се декларирани како „детски“, не секогаш поминуваат независни тестирања за хормонска безбедност.
Решението не е да се бара „побезбедна пластика“, туку да се заменат пластичните производи со природни алтернативи, како стакло, нерѓосувачки челик, порцелан или силикон со медицински квалитет кај одредени производи. Овие материјали не реагираат со храната, не испуштаат хемикалии и се долгорочно поодржливи и за здравјето и за животната средина.
Во домот каде што има дете, секој контакт со пластика треба да биде свесен избор – не автоматска навика. Пластиката не е наивна, а здравјето е повредно од практичноста.
Што значат ознаките на пластика од 1 до 7 и зошто тоа не значи дека се безбедни
На дното на секој пластичен производ обично се наоѓа триаголник со број од 1 до 7. Тоа е код за видот на пластиката но не и ознака за безбедност. Многу родители мислат дека ако пластиката е BPA-free или ако има повисок број таа е безбедна но вистината е многу посложена
1 PET или PETE полиетилен терефталат
Се користи за шишиња за вода сокови амбалажа за масло
Наменет е за еднократна употреба
Може да лачи антимониум тежок метал и ендокрино активни супстанции особено при изложеност на топлина или реупотреба
Не е за повторна употреба или чување топли течности
2 HDPE високо густ полиетилен
Се користи за садови за млеко некои играчки шишиња за чистење
Се смета за една од побезбедните пластики
Но и понатаму може да содржи траги од производствени остатоци и нема гаранција дека е без хормонално активни соединенија особено ако не е тестирана за употреба со храна
3 PVC поливинил хлорид
Најчесто се користи во пластични цевки амбалажа за месо некои детски играчки
Се смета за една од најтоксичните пластики
Содржи фталати и често се омекнува со адитиви што имаат хормонски ефект
Не е безбедна за контакт со храна
4 LDPE нискогуста полиетиленска пластика
Се користи за кеси за замрзнување пластични обвивки
Помалку реактивна
Но може да лачи адитиви при греење не е за топла храна и не се знае составот доколку не е јасно деклариран
5 PP полипропилен
Најчесто се користи за бебешки шишиња садови за складирање капачиња
Често се смета за релативно безбедна
Но не постојат долгорочни студии за замените на BPA во овие производи
При повторно загревање на пример во микробранова може да лачи соединенија
6 PS полистирен
Се користи за амбалажа за храна чинии и чаши за еднократна употреба
Содржи стирен кој е класифициран како можно канцероген
Лачи хемикалии при контакт со топлина киселина или масти
Не се препорачува за храна
7 Other PC разни пластики најчесто поликарбонат
Оваа категорија ги вклучува сите други видови пластика
Често содржи BPA или негови замени како BPS и BPF
Најпроблематична група посебно кај спортски шишиња садови за складирање и некои бебешки производи
Дури и кога е BPA-free може да содржи хормонално активни замени
Што значи ова за родителите
Ниту една пластика не е 100 проценти безбедна особено при загревање или долготраен контакт со храна или течности
Не се води по бројот секогаш читај детали за состав и избери алтернатива кога можеш
Најдобро е да се користат стакло нерѓосувачки челик порцелан или сертифициран медицински силикон кај производи за бебиња
BPA-free не значи безбедно
Без пластика значи мирна совест.
Related posts
За мене
Aleksandra 🍀 PURE products
❇️ I choose non-toxic products for you 🍀 ❇️ Бесплатни програми 🍀 ❇️ Дипломиран молекуларен биолог 🍀
Категории
- Храна (11)
- Суплементи (10)
- Кујнски прибор (1)
- Одржување на хигиена во дом (2)
- Прибор за хранење на деца (2)
- Препорака за производи со добар состав (10)
- Производи за лична нега и хигиена за деца (9)
- Останато (26)