Кога станува збор за кремите за сончање, најважната состојка што ја штити кожата од штетните УВА и УВБ зраци се нарекува UV филтер. Но не сите филтри се безбедни. Постои клучна разлика помеѓу хемиски (органски) филтри и минерални (физички) филтри, а денес е се појасно дека многу од хемиските филтри се хормонално активни, потенцијално токсични и непогодни за деца, бебиња и чувствителни лица.

Како делуваат хемиските UV филтри

Хемиските филтри не ја блокираат светлината физички, туку ја апсорбираат УВ радијацијата и ја трансформираат во топлина, со што се смета дека ја штитат кожата. За да дејствуваат, мора да продрат во кожата. Токму тука лежи проблемот – тие не остануваат на површината, туку влегуваат во телото, циркулираат преку крвотокот, и често се откриваат во урина, мајчино млеко и плацента.

Најчести хемиски UV филтри и нивните ризици

Oxybenzone (benzophenone-3)
– Докажан ендокрин дистрактор
– Имитира естроген и влијае врз хормоналната рамнотежа
– Поврзан со нарушување на тироидната жлезда и репродуктивната функција
– Откриен во 96% од примероците на урина во некои студии
– Забранет во некои земји поради токсичност за корали

Octinoxate (ethylhexyl methoxycinnamate)
– Делува како хормонален нарушувач, особено на естроген и прогестерон
– Поврзан со алергиски реакции и фотоалергии
– Брзо се апсорбира во крвотокот
– Исто така штетен за морските екосистеми

Homosalate
– Се акумулира во телото побрзо отколку што се елиминира
– Може да го наруши балансот на андрогени и естрогени
– Се разградува на токсични нуспроизводи при изложување на сонце

Octocrylene
– Предизвикува алергии и фотоосетливост
– Може да се трансформира во бензофенон – сомнителен канцероген
– Се акумулира во телото и се открива во млеко за доење

Avobenzone
– Чест причинител на иритации кај чувствителна кожа
– Хемиски нестабилен при изложеност на сонце ако не е комбиниран со други состојки
– Реактивен и може да создаде оксидативен стрес на кожата

Зошто се проблематични хемиските филтри

Хормонални нарушувања – хемиските филтри имитираат или блокираат природни хормони
Невролошки и развојни ефекти кај фетуси и деца – особено опасни за бебиња и бремени жени
Алергии и дерматити – чест предизвикувач на иритации, црвенило, чешање
Фототоксичност и фотоалергии – при изложеност на сонце предизвикуваат реакции наместо заштита
Нарушување на микробиомот на кожата – влијаат врз корисните бактерии
Загадување на животната средина – токсични за морскиот живот, особено за коралите

Кој треба посебно да ги избегнува хемиските филтри

– Бебиња и деца до 6 години
– Бремени и доилки
– Луѓе со хормонално чувствителни состојби (ендометриоза, ПМС, тироидни нарушувања)
– Лица со чувствителна или воспалена кожа
– Секој што сака да избегнува непотребно оптоварување на телото

Како да препознаеш хемиски филтри во составот

Производите нема да пишуваат “хемиски филтри”, туку користат имиња на активни состојки. Препознај ги под следниве имиња на етикетите:
oxybenzone, benzophenone, avobenzone, octinoxate, ethylhexyl methoxycinnamate, octocrylene, homosalate, sulisobenzone, ensulizole, mexoryl, uvinul и слични

Ако на производот не е јасно наведено „минерална заштита“ или 100% mineral filter, веројатно содржи хемиски филтри.

Кој е безбеден избор наместо тоа

Избери минерални креми со цинк оксид или титаниум диоксид во не-нано форма
Барај декларација „non-nano“, „reef-safe“, „for babies“, „for sensitive skin“
Бонус е ако производот е сертифициран со ECOCERT, COSMOS, NATRUE, USDA или има чист INCI листа

Заклучок

Хемиските UV филтри може да нудат заштита од сонцето, но го оптоваруваат телото на многу подлабоко ниво – од хормонални нарушувања до клеточни оштетувања. Кај бебиња и деца, кожата е потенка и подложна на апсорпција, па ризикот е уште поголем. Затоа е важно да се изберат минерални, физички филтри со чист состав, кои ја штитат кожата без да влегуваат во телото.

Сончевата заштита не треба да биде компромис помеѓу рак и хормонални нарушувања. Постојат природни, сигурни и ефективни алтернативи – само треба да ги препознаеме.